Радио Кочани
Кочани

Голем интерес за фототипното издание на “Бели мугри”, 400 примероци “пламнаа” за миг…

202

Првите 400 примероци во Македонија од фототипното издание на стихозбирката “Бели мугри” од Рацин “пламнаа” за неколку дена. Поголем дел од нив, издавачот, “Македоника литера”, ги подари на свои пријатели и соработници.

Интерната библиотека на НУ ЦК ” Бели мугри”, која има добра соработка со оваа издавачка куќа и нејзиниот основач, Нове Цветановски, доби одреден број примероци.

Зад иницијативата за издавање на култното дело на Кочо Рацин (како фототипно издание) стои големиот македонист и славист, Горан Калоѓера, почесен член на ДПМ.

Набргу, “Македоника литера”, пред читателската публика во Републиката ,  ќе излезе со ново фототипно издание на стихозбирката ” Бели мугри”.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio