Радио Кочани
Кочани

(видео) Култура – Исток и Запад преку уметноста синоќа се сретнаа во „Бели мугри“

145

Заедничка изложба на уметнички од нашата држава и Германија е отворена синоќа во ЦК „Бели мугри“ со наслов „Исток се сретнува со Запад 2“.

„Станува збор за циклус кој го започнав со цел да ги зближиме германските и македонските уметнички, поттикнувајќи соработка и културна поврзаност“, изјави за Радио Кочани, Ирена Паскали, идеен творец на оваа културна иницијатива.

На чинот на отворањето во „Фоајето 2“ на кочанската  Национа установа  присуствуваше и германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер.
Меѓу изложениот материјал се наоѓаат дела од ликовните уметнички од нашата средина Марија Мицова Гацова и Александра Димитрова, која пред присутната публика ја претстави носечката идеја за овој циклус, за кој Ирена Паскали, Македонка која живее во Германија, вели дека уметноста воопшто е универзален дијалог што не признава граници.
Директорката на „Бели мугри“, Габриела Стефановска, пак, рече дека задоволство претставува што Истокот и Западот се среќаваат и запознаваат токму кај нив во Центарот за култура и што Ирена Паскали избра две наши роднокрајни уметнички да бидат дел од нејзината замисла за заедничка изложба.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio