Радио Кочани
Кочани

Музеј „Теракота“ – „ДОПИРОТ НА ОГНОТ“ пред виничани

119
Во организација на Музеј „Теракота“ Виница, неделава е отворена изложба на фотографии насловена „Допирот на огнот“, чиј автор е советник кустос археолог Драган Радовиќ од Подгорица.

На фотографиите е прикажано стаклото и стаклените производи од стариот, средниот и новиот век а се дел од музејската збирка на Црна Гора.
Создавањето стаклени производи е создавање на уметнички дела. Нивните творци – стаклари, секогаш биле на границата на занаетчиството и уметноста, такашто на нивниот животен пат тие оживотвориле некои непроценливи дела со извонредна изработка и посебна убавина.
Плодната соработката на Музеј „Теракота“ со ЈУ Музеи и галерии од Подгорица трае подолг период такашто секогаш се заокружува со прекрасни изложби.
Отворањето на изложбата беше збогатена со прeкрасни изведби на ученици од школата за клавир MOZZARTINO
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio