Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска, во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржана ждрепката што решаваше кои од поразените третолигаши ќе добијат дополнително место во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2025/2026.
Ждрепката им донесе среќа на екипите на „Големо Коњари“ и „Осогово“, кои и покрај неуспехот во бараж натпреварите, ќе бидат дел од второлигашката конкуренција следната сезона.
Од друга страна, „Преспа“ немаше среќа при извлекувањето и ќе продолжи да се натпреварува во Трета лига – Југозапад.
