Радио Кочани
Кочани

( видео) Прва самостојна изложба на Ангела Ајтовска – „Калингвистика“ пред публиката во Кочани

278

Ангела Ајтовска, некогаш ученичка во Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“ со кое раководи Александра Димитрова, сега веќе дипломиран калиграф и графички дизајнер, магистер во својата струка, синоќа во Националната установа од Кочани ја имаше првата своја самостојна изложба, насловена „Калиграфска“.

Изложбата, всушност, претставува збирка што содржи различни стилови на калиграфија од неколку европски култури, а напишаното е поезија  на повеќе јазици.

При изработката користени се неколку видови инструменти:  метални пера, четки, туш и гускино перо. Три од делата прикажани на изложбата се наградени на интернационален конкурс за букви.

Во претходница на Калоиграфската изложба, Ајтовска реализираше работилници за калиграфија со дваесетина ученици од основните и средните училишта во градот.

Во видео материјалот што следува проследете ги изјавите од авторката на изложбата на рачно пишани калиграфии, Ангела Ајтовска и директорката на „Бели мугри“, Габриела Стефановска.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio