Радио Кочани
Кочани

Меѓународен ден на Власите

108

Власите во земјава денеска го одбележуваат својот национален празник 23 Мај, кој  со Законот за празници од 2007 година е и државен празник и неработен ден за припадниците од влашката заедница.

Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет.

На тој датум во  1905 година, со посебен документ (Ираде) на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии, така како што налагале законите на Отоманската империја.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio