Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци решава децениски проблем за водоснабдување за граѓаните. Утре и задутре во с. Зрновци дел од домакинствата ќе имаат прекин во водоснабдувањето

404

Локалната самоуправа на општина Зрновци започна со реализација на проект „Реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем за домаќинствата“. Проект што е од витално значење за сите домакинства во општината, кој се смета за еден од најсложените за изведба во делот на комуналната структура, имајќи ги в предвид конфигурацијата и пристапноста на теренот.
За таа цел заради инсталирање на новите соодветни цевки со потребна дебелина и јачина кои ќе дистрибуираат вода во трите населени места општината ги известува дел од домакинствата во с. Зрновци сместени јужно и западно од улицата Илинденска дека во деновите вторник и среда ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Со реализацијата на овој проект се решава децениски проблем на сите домакинства кај кои досегашниот цевковод предизвикуваше постојани дефекти и огромни материјално – технички средства за негова досегашна санација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio