Радио Кочани
Кочани

КК „Кочани“ – 19 медали на „Солидарност опен“

151

Вчера во Скопје на 23 -от меѓународен турнир “Солидарност Опен” нашиот клуб, КК „Кочани“ настапи со 13 натпреварувачи.

Се враќаме дома со вкупно 19 медали и  трето место во генерален пласман од сите клубови – 7 златни, 4 сребрени, 8 бронзени.

Во дури 2 категории, финалните борби беа целосно наши – се сретнаа четворица наши натпреварувачи, кои се бореа еден против друг за златниот медал! Уште еден доказ за посветената работа, тимскиот дух и квалитетот на нашите спортисти.

Браво за сите натпреварувачи и тимот што стои зад нив! Горди сме, вели тренерот на КК „Кочани“, Игор Каров.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio