Радио Кочани
Кочани

ПЗ „Матица“ – Час по пчеларство за учениците од ОУ „Раде Кратовче“

320

Денеска во пониските одделенија на ОУ „Раде Кратовче“ претставници на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани одржаа час по пчеларство.

Борчо Атанасов и Станче Василов пред учениците зборуваа за значењето на пчелата за човекот и животната средина. Во приликава двајцата покажаа дел од пчеларската опрема и како таа се користи.

Повод за одржувањето на овој час беше претстојниот Ден на пчелата, 20 – ти мај.

Меѓународен ден на пчелата e меѓународен празник кој во светот се слави на 20 мај, роденденот на Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство (1734-1773).

Празнувањето на Меѓународниот ден на пчелата има за цел да посочи на огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, добивање мед и други пчеларски производи : матичен млечпчелин восокпрополис…

Здружението „Матица“, 20 -ти мај ќе го одбележи на посебен начин, со изложба на слики, цртежи и книжевни творби на ученици од кочанските основни училишта. Овој настан се организира во соработка со ЦК „Бели мугри“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio