Радио Кочани
Кочани

Св. Атанасиј Велики” Оризари: Света Литургија по повод празникот Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики

631

По повод празникот пренесување на светите мошти на Св. Атанасиј Велики кај народот попознат како летен св. Атанас, во храмот кој е посветен на Св. Атанасиј во Оризари, утрово се служеше утрена со Света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

Голем број верници присуствуваа на Литургијата и се причестија, се молеа за здравје, среќа и спасение. Митрополитот Брегалнички Г. Иларион зборувајќи за празникот пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики, го истакна житието на Св. Атанасиј.

По Светата Литургија се изврши мал водосвет и се пресекоа славските колачи (кумства) и потоа се делеше благословен ручек

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio