Радио Кочани
Кочани

В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање

844

Со цел ефикасно и ефективно да се реши проблемот со улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски денеска одржа средба со директорот на „Амфенол Технолоџи Македонија“ Сашко Наков и со жителите на Тркање.

Образложувајќи ги предлозите за решавање на проблемот, Крстевски изрази благодарност за општествената одговорност на „Амфенол“ и најави дека со поддршка од Советот на Општина Кочани, во наредниот период треба да се направи ребаланс на Буџетот за да се рехабилитира улицата „Мите Стојчев“ и да се започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање.

Општина Кочани започнува со санирање на оштетените делови од улицата „Мите Стојчев“ во Тркање.

Жителите на Тркање коишто присуствуваа на состанокот се заблагодарија за разбирањето и поддршката од „Амфенол“ и Општина Кочани.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio