Радио Кочани
Кочани

Денеска се одржа четвртиот меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

382

Во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“ денеска се одржа четвртиот меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“.  На настанот учествуваа 20 шахисти.

Истите играат по Швајцарски систем во траење од по 10 минути во седум кола.

Активноста се реалзира четврта година по ред, во чест на сеќавање на Милосиев, кој беше  еден од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.

Првото место  на денешниот турнир му припадна на Венцо Стаменков, второто на Гоце Ѓоргиев, а трет беше Бошко Стаменковски.

На турнирот присуствуваше и претседателот на Шаховската федерација на Македонија, Воислав Мерџаноски.

Турнирот беше поддржан и од Локалната самупрва на Кочани, а на отворањето беше и в.д градоначалникот Венко Крстевски

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio