Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В недела во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ ќе се отслужи Света Литургија пред чудотворната икона Покров на Пресвета Богородица…
Во недела, во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Кочани, ќе се одржи Света Литургија и поклонение пред иконата на Пресвета Богородица, дар од Рилскиот манастир. Оваа икона, изработена како акт на братска љубов и молитвен спомен од јеромонахот Павел и братството на Рилскиот манастир, пристигна како благослов за верниците од Кочани и пошироко.
За време на богослужбата, сите присутни верници ќе бидат помазани со свет елеј од гробот на Пресвета Богородица.
Братството при храмот упатува посебна покана за соборна молитва и поклонение до родителите и блиските на повредените лица (како и до самите повредени кои се во можност да присуствуваат), и до родителите и блиските на покојните, кои се преселиле на Небесата.
