Радио Кочани
Кочани

За Кочани се поднесени пријави за 70 лица без селективност и двоумење, порача Тошковски на Денот на полицијата

1,554

За трагедијата во Кочани Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага и поднесе кривични пријави против 70 сторители меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност без заштита, без селективност, без двоумење, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Како успех во досегашното водство на Министерството за внатрешни работи Тошковски го истакна намалувањето на криминалитетот, разбивањето на 14 организирани криминални групи поврзани со дрога, силна борба со корупцијата, случајот „Адитиви“ во којшто се осомничени 23 лица, којшто го нарече симбол дека нема недопирливи, потоа откривањето на злоупотребите со инвалидските пензии.

Безбедноста не е привилегија, туку темел на секое здраво општество. Затоа наша обврска е да не отстапуваме – порача Тошковски.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio