Радио Кочани
Кочани

ВО ТЕК СЕ УПСИТЕ ЗА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА, НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА КОЧАНИ ТРЕБА ДА БИДАТ ЗАПИШАНИ ОКОЛУ 370 УЧЕНИЦИ

420

Во основните училишта во тек се уписите за идните првачиња за учебната 2025-2026 година.

Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите и ќе добијат покана.

Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај оваа година.

За нареднта година треба да бидат запишани 370 првачиња во петте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општина Кочани.

По однос на бројот на запишани најмногу, односно 142 треба да се запишат во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, додека во ОУ „Никола Карев“  77 првачиња, во ОУ „Раде Кратовче“ 56 ученици, а  33  во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари.

Минатата година, образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Кочани го почнаа 300,  а во учебната 2023-2024 година, 259 првачиња, додека во 2022-2023 година беа запишани околу 310 првачиња.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio