Радио Кочани
Кочани

Амфенол со низа активности посветени на вработените и заедницата

1,377

,,Амфенол” со низа активности посветени на вработените и заедницата.

Месец април кој глобално е посветен на екологијата но и безбедноста и заштитата при работа, беше одбележан со акции за пошумување кои освен грижата за околината, беа и потсетник дека кога сме заедно полесно се издржуваат и премрежијата и искушенијата.

Со пошумувањето е засаден живот, а на голите падини некогаш ќе стојат неми сведоци на сето ова што го поминува овој град.

Покрај напорите за општа корисност и одговорност, непрекинато се води и посветена грижа за здравјето на вработените во АТМ. По повод Светскиот ден на здравјето, во компанијата се организираше испитување на шеќер во крвта и проверка на крвен притисок. Сите вработени кои сакаа да направат проверка на сопственото здравје, имаа ваква можност и тоа во просториите за систематски прегледи кои за таа намена се опремени во компанијата.

Безбедноста и заштитата при работа, во ,,Амфенол” се еден од врвните приоритети. Секторот за БЗР по повод Светскиот ден на безбедност и здравје при работа 28 Април, реализираше и вежбовни активности, во кои вработените ја презентираа својата подготвеност и професионалност во извршување на работните обврски.

Обуките и проверките за соодветна реакција во кризни ситуации, како и сите други активности поврзани со безбедноста на сите вработени во АТМ се на високо професионално ниво, а заложбите во таа насока континуирано се унапредуваат.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio