Радио Кочани
Кочани

Полицијата привела кочанчанец поради дивеење, тешко повреден 73-годишник откако паднал од „хамачи“

1,832

На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од село Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(44) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 14.04.2025 во Полициската станица Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник додека вршел службени дејства, откако пријавениот претходно бил приведен за нарушен јавен ред и  мир.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio