Радио Кочани
Кочани

В недела на 4ти мај велосипедска трка во чест на загинатите во „Пулс“

463

В недела, на 4 мај, ќе се одржи закажаната „Вело тура по патеката на оризот во чест на трагично загинатите во Кочани“, што заеднички ја организираат нивните семејства и Општина Кочани.

Стартот е во 11 часот од Паркот на Револуцијата, каде ќе има координација и обраќање на родителите. Потоа ќе се вози во правец на Грдовци, а оттаму кон Мојанци каде во кругот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе има кратка пауза. Потоа учесниците ќе продолжат кон Горни Подлог и кон кружниот тек кај хотелот „Национал“, а пред клубот „Пулс“ ќе им биде оддадена едноминутна почит на загинатите.

Турата ќе продолжи по улиците „Димитар Влахов“, „Глигор Апостолов – Гочо“ и „Маршал Тито“, а околу 13:30 часот се планира учесниците да стигнат на завршната позиција во Паркот на Револуцијата.

Родителите на младите херои кои ги изгубија животите во пожарот во „Пулс“ ги повикуваат сите велосипедисти, спортисти, членови на спортски клубови, здруженија, рекреативци и други граѓани да им се придружат во благородната иницијатива во спомен на жртвите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio