Радио Кочани
Кочани

Автомобилски ентузијасти од цела Македонија возеа во чест на Павел

2,063

Денеска, улиците кон аеродромот Пониква беа исполнети со автомобили и искрена емоција, додека десетици возачи од Кочани, Скопје и други градови се обединија на настанот „Возиме за Павел“.

Овој собир, организиран со цел оддавање почит кон Павел, прерасна во симбол на заедништво, поддршка и љубов.

Собирот  започна во 10:00 часот, а во Скопје учесниците се собираа уште од 08:30 часот на бензинската станица Макпетрол во Бејлимбегово, по што тргнаа кон источниот дел на земјата.

Патот до Пониква беше исполнет со колони возила, кои со турирање оддадоа симболичен поздрав за Павел.

На самиот настан беа поставени кутии за донации на влезовите, а учесниците со едноминутен молк оддадоа почит кон Павел, со што настанот доби уште подлабока емоционална димензија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio