Радио Кочани
Кочани

Над 1,8 милиони денари се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела во „Бели мугри“

343

Над 1,8 милиони денари или околу 30.000 евра се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела за помош на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија иницијативата „Support Kocani“.

Во организација на оваа иницијатива и, акуцијата се одржа вчера во Центарот за култура „Бели мугри“, а сите средства ќе бидат донирани на семејствата на  жртвите и повредените во пожарот на 16 март.

На вчерашната аукција се наддаваше за над 140 дела и ракотворби од уметници од целата земја, кои уште неколку дена ќе бидат изложени во „Бели мугри“ со цената по која се купени и нивниот нов сопственик.

Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин.

На аукцијата учествуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, в.д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, лидерот на СДСМ Венко Филипче, пратениците Павле Арсоски и Миле Лефков, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, како о локални бизнисмени.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio