Радио Кочани
Кочани

19-годишник од Зрновци со нож прободел 53-годишен соселанец

3,133

19-годишник од Зрновци со остар предмет повредил 53-годишен соселанец.

– Вчера во 20.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А.(19) од село Зрновци, кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека во село Зрновци со нож го нападнал и му нанел убодна рана на В.Г.(53) од Кочани.

На В.Г. му била укажана лекарска помош во болницата во Кочани, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата.

А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio