Радио Кочани
Кочани

Крстевски: Утре КЈП „Водовод“ ќе добие в.д директор

683

Утре, КЈП „Водовод“ треба да добие в.д директор, вели градоначалникот Крстевски.

По неморалната оставка на претходниот директор имаме рок од 5 денови за избор на В.Д. Директор. Кочанчани не смеат да се доведат во состојба да живеат во вакви услови уште еден месец, колку што е потребно за транспарентен јавен оглас.
Во најбрз можен рок ќе побарам вонредна ревизија од Државен завод за ревизија за да ги констатираат сите неправилности и слабости на претходните директори, да ја прикажат реалната состојба на Комуналното јавно претпријатие и да дадат упатства за понатамошно законско работење.
По добивање на таков извештај ќе распишам јавен и транспарентен оглас, каде секој чесен, квалитетен и компетентен кадар ќе може да се пријави и да се избере најдобрата опција, вели градоначалникот Крстевски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio