Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Коцевски: Издадена е наредба да се приведат уште седуммина полицајци за пожарот во Кочани
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека во овој момент јавниот обвинител издал наредба за приведување на уште седуммина полициски службеници во рамките на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Коцевски не откри дали се работи за актуелни полициски функционери, иако беше прашан, но рече дека тие утре ќе бидат донесени во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а потоа и пред судија на претходна постапка.
Со ова, бројот на полицајци и началници кои се опфатени со истрагата за трагичниот пожар во илегалното „кабаре“ се искачи на 14.