Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Тројца од притворените за пожарот во Кочани, Обвинителството предлага да се префрлат во куќен притвор
Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.
Само за тројца од осомничените, поради фазата на прибирање докази и исполнетост на законските услови, се предлага замена на мерката притвор со куќен притвор. Станува збор за двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.
Истовремено, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел утврдување на евентуална одговорност. Од Обвинителството информираат дека јавноста ќе биде навремено известена по донесување на соодветна јавнообвинителска одлука.