ДПД Кочани водено од актуелната ситуација која ни го донесе најтешкиот предизвик од своето постоење го започнува најголемиот проект.
Носител на овој многу важен проект е нашиот докажан пријател, народот на Германија преку амбасадата на Германија во Скопје.
Уште по првите денови по трагедијата тие ни подадоа рака за поддршка, како со зборови, така и со дела.
За тоа сакаме да изразиме благодарност до нив во овие тешки времиња.
Заедничка иницијатива за проект по трагедијата во Кочани: Амбасадата придонесува со мерки за поддршка на луѓето во Кочани во справувањето со последиците од катастрофата. Тука спаѓаат психолошки обуки на наставниот кадар во основните и средните училишта и воспитувачите од градинките во Кочани.
Дополнително, експерти ќе вршат обуки за прва помош и заштита во случај на катастрофи за учениците од средните училишта во Кочани.
Партнери во спроведување на овој проект се: македонската Комора на психолози, ДПД и ТППЕ Кочани и македонскиот Црвен крст.
Договорите за донација беа потпишани вчера во рамките на фондот за Мали проекти на Амбасадата во присуство на претставничка од македонското Биро за развој на образованието и сите проект-партнери.
Освен тоа, Комората на психолози ќе обезбеди обука и психолошка помош за пожарникарите од Кочани.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе