Радио Кочани
Кочани

Седум повредени од пожарот во Кочани сè уште се лекуваат во земјава, 64 се лекуваат во странство

620

Четворица од повредните во пожарот во Кочани што беа на лекување во софиската болница „Пирогов“ денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување

Седум од повредените во пожарот во Кочани сè уште се лекуваат во земјава, додека 64 други остануваат на лекување во болниците во странство, информираат денеска од Министерството за здравство.

Пациентите кои се на лекување во земјава се распоредени во Хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, каде што се лекуваат четворица од повредените, еден е на Клиниката за токсикологија, а двајца се во Систина.

Четворица од повредните во пожарот во Кочани што беа на лекување во софиската болница „Пирогов“ денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Во болницата „Пирогов“ ќе останат на лекување уште четворица пациенти.

  • Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат пуштени од софиската болница „Пирогов“

Од Министерството за здравство информираат дека во моментов се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените. Во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март годинава повредени се околу 200 лица.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio