Радио Кочани
Кочани

Ин Меморијам: Почина најголемиот иноватор од Кочани, Ванчо Димитров

3,289

На 78 години, денеска, почина Ванчо Димитров, иноватор од Кочани, добитник на Гран-при на Светската изложба на иновации „Еурека“ во 1996 година во Брисел за пронајдокот „Систем за апсорпција на издувни гасови“.

Пронајдокот дава одговор за тоа како на безбеден начин да се реши испуштањето
штетни издувни гасови од автомобилите и фабричките и други оџаци и да се спречи
загадувањето на воздухот и животната средина.

Неговата идеја, како што ќе рече самиот, е да се спречат загадувачите кои неконтролирано ја дестабилизираат климата и го доведуваат во прашање опстанокот на светот.

Димитров имаше и други иновации, а една од нив за расадување на ориз е патентирана во Кина.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе