Радио Кочани
Кочани

Автосервисот „Топ Дизел“ отсега на нова локација – Во кругот на Еуроконтрол Облешево…

258

Автосервисот „Топ Дизел“, кој е еден од водечките сервиси во Кочани за поправка, одржување на автомобили и автоматски менувачи, ја заврши преселбата и отсега е на нова локација во кругот на станицата Еуроконтрол, во Облешево. Со оваа преселба, компанијата значително го зголемува капацитетот за работа, овозможувајќи уште подобра услуга за своите клиенти и нови вработувања. Новиот објект е опремен со најсовремена технологија и напредни машини, што им овозможува на вработените во сервисот да извршат поголем обем на поправки и дијагностика на секаков тип на возила.

Сопственикот Александар Герасимов за Радио Кочани изјави:

Преселбата на новата локација не само што ќе ни овозможи да обезбедиме подобра услуга за нашите верни клиенти, туку и да ги извршуваме поправките и дијагностиката на највисоко ниво, користејќи најсовремена опрема.

Благодарни сме за довербата што ни ја дадоа нашите клиенти и ги уверуваме дека ќе продолжиме да работиме со истa посветеност и професионализам, со цел да им понудиме најдобри решенија за нивните возила.“

Инаку „Топ Дизел“ продолжува да инвестира во квалитет и иновации за да обезбеди највисок стандард на услуги, задоволувајќи ги потребите на своите клиенти и обезбедувајќи брзи и прецизни решенија за сите проблеми со автомобилите.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio