Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
64-годишен лишен од слобода поради предизвикување пожар, малолетничка нападната во Кочани
На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево.
Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема.
Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик.
На 03.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Ј.(42) од Кочани пријавила дека на 01.02.2025 околу 01.30 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од М.Р. и Е.И., двете од Кочани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Информации од СВР – Штип.