Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци продаде 15 градежни парцели за изградба на семејни куќи

624
        Успешно е спроведена постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на територијата на општина Зрновци.

По спроведеното електронско јавно надавање, беа оттуѓени 15 градежни парцели со намена А1-изградба на семејни куќи со вкупна површина од 19 000 м2 и остварен приход на општина Зрновци од 1 575 000 денари.

Жителите и посетителите на општина Зрновци го препознаваат развивањето и напредокот на општината. Интересот за купување на градежно земјиште како за индивидуално домување така и за производни капацитети од година во година расте.

Со посветено и континуирано работење во областа на урбанизмот се создаваат услови за правилно уредување на градежното земјиште, а со тоа се овозможуваат градежни парцели за сите заинтересирани правни и физички лица.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio