Радио Кочани
Кочани

Наредната сабота (22.02) во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Вешта жена“

1,877

Наредната сабота (22.02) во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Вешта жена 2025“.

Настанот е закажан за во хотелот „Амор“ со почеток во 17 часот.

Вредни, храбри и умешни припаднички на понежниот пол ќе ги претстават своите кулинарски и креативни способности.

Жените кои ќе се пријават за учесници имаат и парична помош, како и помош од поранешни учеснички, истакнаа од организацискиот огранок – Кочани.

Манифестацијата „Вешта жена“ ќе се одржи и во други градови во државата, како и во Виница на 26 април.

За дополнителни информации може да се обратите на телефонскиот број 070/495-025, Гордана.

Инаку, изборот на „Вешта жена“  на Република Македонија ќе се одржи на 10 и 11 мај во Тетово.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio