Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во просториите на библиотеката „Искра“ беше промовирана монофрафијата „60 години ЛК „Копнеж“ – Кочани” од авторите Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, Аника Илијевска Ѓорѓиева и Славица Цветкова.
Минатата, 2024 година се навршија 60 години од формирањето на ЛК „Копнеж“, за што како библиотека во чии рамки и во чиј состав работи и функционира клубот, бевме должни и ни претставуваше чест да ја издадеме, а во оваа прилика да ја промовираме монографијата „60 години ЛК Копнеж“.Со издавањето на монографијата ја одбележуваме шеесетгодишнината од неговото формирање, јубилеј достоен за почит. Со издавањето на монографијата како сведок на шестдецениското постоење, изразуваме огромна благодарност кон сите досегашни членови, претседатели и раководители на клубот, сите досегашни и сегашни вработени во ЈОУ Библиотека „Искра“, и сите кои со својот ентузијазам и ангажирање, поддршка и поттик, придонесоа овој книжевен клуб да стане познат и признат културен субјект во Кочани и пошироко.Неколкугодишната идеја од страна на група поклоници на музиката и поезијата за формирање на литературен клуб се остварува во далечната 1964 година, во просториите на ЈОУБ „Искра“. За негов прв претседател бил избран Борис Серафимов.Во годината на ододбележувањето на јубилејот, 60 години од неговото формирање и работење, на 7 септември 2024 година на Литературниот клуб „Копнеж“ по втор пат беше доделена Седмосептемвриската награда „За значајни остварувања за развој на Општина Кочани“, истакна авторката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова .


