Радио Кочани
Кочани

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Пресека, Оризари – На лице место починал возачот

7,763

На 03.02.2025 во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари – с.Пресека со маало „Јовевци“ од с.Д.Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с.Стар Караорман, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д..

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе