Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
„После 29 години години постоење како општина, денес започнуваме со изградба на нов локален пат во село Мородвис, со кој решаваме децениски горчлив проблем за жителите на ова населено место од општина Зрновци, вели во изјава објавена на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Општина Зрновци“, Борчо Коцев.
„Она што го имаме ветено, го реализираме во целост, реализирањето на проекти и решавањето на проблемите е наша должност и обврска“, нагласува Коцев.

