Радио Кочани
Кочани

(видео) Спортист на Кочани за 2024 – Стојанов, Андонов и Карова на пиедесталот

184

Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, синоќа, на свеченоста што се одржа во големата сала на ЦК „Бели мугри“, го доби признанието за најуспешен спортист на Кочани во претходната година. Стојанов во 2024 -та  настапи на Државно, Балканско и Светско првенство и при тоа освои девет-први  и три-втори места, на домашна сцена и во странство.

Второ и треторангирани во изборот на новинарите од Кочани, чиј организатор традиционално е Општина Кочани, се Мартин Андонов од КГС „Кочани“ и Наталија Карова од КК „Кочани“.

Ана Ајтовска, Филип Ангелов, Јован Арсов и Владимир Трајков добија плаќети за учество во iiзборот на Спортист на годината.

Признанија добија дваесетина млади спортисти кои се надежите на кочанскиот спорт.

Најдобра екипа е Карате клубот „Кочани“.

За најдобар тренер е прогласен Зоран Сребренов од Боречкиот клуб „Спартак“. Тој истовремено е и претседател на клубот. Во претходниот периодот од три години од неговото раководење, „Спартак“ успеа да се врати во првите пет најдобри во Македонија.

Столе Тошев е избран за најдобар спортски работник. Тошев е долгогодишен спортски работник, а пред десетина година ја формираше Фудбалската академија „Младост Тошев“ – Оризари.  Академијата и денеска работи со млади фудбалери и сениорска екипа, која се натпреварува во Општинската лига – Кочани. Истовремено, Тошев, ја врши и функцијата секретар на Третата фудбалска лига – Исток и на ОФС – Кочани.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе