Радио Кочани
Кочани

видео – ОУ „Никола Карев“ – Ново игралиште со вештачка трева

104

Денеска во Кочани министерот за спорт Борко Ристовскиго пушти во употреба ново фудбалско игралиште со вештачка трева, што се наоѓа во дворот на ООУ „Никола Карев“. Тој, приликава ја искористи да поигра фудбал со учениците.Ова игралиште е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура низ државата и за обезбедување на квалитетни услови за развој на младите спортисти.

Со неговата изградба, учениците од основното училиште и спортските ентузијасти од градот, добија современ простор за тренинг и за натпревари.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските активности во сите општини низ државата со реализација на зацртаните проекти и со континуирани вложувања во спортската инфраструктура, порача од Кочани, министерот за спорт, Борко Ристоски.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе