Радио Кочани
Кочани

На 1 февруари во Кочани ќе се одржи Државното првенство во борење во У-23

118

На 1 февруари (сабота)во Кочани ќе се одржи Државното првенство во борење слободен стил и борење за жени во У-23 – 2025 година.

Државното е во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на БК Спартак, а ќе се одржи во спортската сала „Сашо Лазаров-Чапо“ со почеток во 11:30 часот.

Право на настап имаат борачи родени 2002 година и помлади, регистрирани за 2025 година. Право на настап имаат и борачи родени од 2003 до 2006 година, како и борачи родени 2007 година со специјален лекарски преглед не постар од 6 месец и одоберение од родител.

Борачите ќе се натпреваруваат во 10 тежински категории за мажи и истот толкав број на категории за жени.

Ipon.mk

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе