Радио Кочани
Кочани

ИН МЕМОРИЈАМ – Анче Трифунов…

5,574

 

Со голема тага ја примивме веста за прераната загуба на, нашиот почитуван сограѓанин, Анче Трифунов.

 

Анче Трифунов е роден на 10 јануари 1971 година. Како дипломиран машински инженер, својата професионална кариера ја посвети на работата во ЈПССДП, каде со посветеност и професионализам ги извршуваше своите обврски, а во одреден период успешно раководеше со Подружницата. Неговата енергија, труд и искреност оставија неизбришлива трага во средината во која делуваше.

 

Анче беше и активен општественик, кој како Претседател на Советот на Општина Кочани и Државен секретар во Министерството за економија даде значаен придонес за развојот и добробитта на нашата заедница.

 

Неговата посветеност, човечност и принципи ќе останат врежани во нашите срца и во спомените на сите кои го познаваа.

 

Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

 

 

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе