Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
МВР: Вработена во казино од Кочани префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па си играла…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.