Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
38-годишниот Горан Зашов од Кочани, успеа меѓу 40-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на Кочанска Река, по повод празникот Богојавление-Водици.
Тој има скокано повеќе пати, а во 2022 година за прв пат го има фатено крстот.
Најсреќниот Зашов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа.
Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата ја даде и христијанската изјава, и поска Бог да му дари многу здравје и среќа на него и неговите блиски.
Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во храмот „Св. Вмч Ѓорги“ се одржа Света Божествена литургија, по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот во паркот, каде се потопуваше крстот.
Успешно помина и лицитацијата на иконите и крстот, а оние кои што ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови 40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.
Инаку, верскиот празник Водици во Кочани е еден од најмасовните црковно – верски манифестации.
Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на Кочанска Река присуствуваа голем број верници.
https://www.facebook.com/radiokochani/videos/948572153574115