Радио Кочани
Кочани

Пакети храна за жители од селото Полаки

795

 

Поради високата снежна покривка на Осоговските Планини, шестмина жители на Полаки останале завеани во своите домови во месноста Рамно Брдо, на 20 км од Кочани.

 

По пријавата дека останале без храна, Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст, а во соработка со Територијалната противпожарна единица – Кочани и со Центарот за управување со кризи, обезбедија и доставија пакети со храна до живеалиштата на жителите од Полаки.

 

Ова е една од акциите за поддршка на жителите од планинските села во Кочанско што беа зафатени од обилните снежни врнежи.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе