Радио Кочани
Кочани

Новогодишен базар на можности организираа наставниците и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари

179

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари со богата културно уметничка програма ја испратија старата и ја пречекаа новата година.

Во холот на училиштето се одржа традиционалниот базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки.

Преку вештите раце на децата а со помош на наставниците и родителите изложените експонати беа вистинско задоволство за присутните. Училиштето беше преполно со родители и ученици кои си купија од рачните изработки.

Учениците од шесто до деветто одделение пак гостите ги угостија со чајче и новогодишни колачиња.

На базарот му претходеа работилници на кои учествуваа родителите и учениците и ги направија сите изработки кои ги продаваа на штандовите.

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio