Радио Кочани
Кочани

И Кочани од вчеравечер во Новогодишен амбиент

1,603

Како што наближува Новата година, привршува и украсувањето во Кочани.

Во Паркот на Револуцијата, поставена е новогодишната елка, како и повеќе светилки  околу неа и на мостотот кој се наоѓа во непосредна близина.

Исто така, Локалната самоуправа на Кочани ги монтираше и продажните обејекти.

Дукаџиите пак во  во  Трговскиот центар – „Блок Б“  одлучија да ја зачинат празничната атмосфера и во самоиницијативно потег, поставија свои светилки.

Ова е одраз на желбата на локалните трговци да го направат шопинг искуството уште попријатно и весело за посетителите.

Со оваа иницијатива, Кочани целосно се подготвува за Новогодишните и Божиќните празници.

Во периодот од од 20 декември 2024 до 14 јануари 2025 година е планиран Новогодишниот базар, на кој ќе има настапите на повеќе естрадни уметници и тематски забави.

Исто така, Општина Кочани ќе организира и дочек на Новата година во Паркот на Револуцијата.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio