Радио Кочани
Кочани

3 Декември – Денот на лицата со попреченост одбележан во ОУ „Малина Попиванова“

233

ОУ „Малина Попиванова“, во соработка со Општина Кочани, Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, со интернет-страницата „Los bandidos.DIY“ и Ротари клубот Кочани-Виница го одбележа 3 Декември – Денот на лицата со попреченост.

Тимот наставници од ОУ „Малина Попиванова“ којшто работи со учениците со попреченост, приреди изложба на новогодишни сувенири изработени од електронски отпад, подготвена од кочанската креативка Наталија. Целта е да се подигне колективната еколошка свест за важноста на рециклирањето и да се развие креативноста кај младата популација.

Изложбата на „Los bandidos.DIY“ беше придружена со новогодишни изработки на учениците, наменети за продажба. Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на  училишната ресурсна соба за престој и работа на учениците со попреченост.

На настанот по повод Светскиот ден на лицата со попреченост беа изложени најуспешните цртежи и интерпретирани најдобрите литературни творби од распишаниот училиштен конкурс.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio