Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Жителите на улицата „Марко Цепенков“ во Кочани, долги години се соочуваат со проблемот – неограден канал, при што стравуваат за безбедноста на своите деца и внуци дека може да пропадната во истиот.
Јордан Иванов за Радио Кочани вели дека реагирал многу пати кај сите надлежни институции, но од никого, до сега соодветна реакција немало.
Иванов упати апел до надлежните во најскоро време да излезат на терен и да ја решат настанатата ситуација со огллед на фактот дека минатите години неколку лица го имаат загубено животот, давејќи се во каналот.
Тој додаде, ако локалните власти не преземаат чекори за решавање на проблемот, очекува поддршка од државните институции.