Радио Кочани
Кочани

На меѓународен турнир во Штип – Втори места за Илиев и Павлев

171

Двајца борачи на „Спартак“, се искачија на победничкиот пиедестал на Меѓународниот турнир „Штипски боречки асови“ што викендов се одржа во Штип во организација на БК „Балканец“.

Според информацијата што ја добивме од клубот од Кочани, Јован Илиев, го освои второто место во категоријата до 54 килограми , а Даријан Павлев во категоријата до 64 килограми.

На турнирот во Штип, БК „Спартак“ учествуваше со уште четворица борачи кои останаа без пласман. Стојанче Андонов, Мартин Цветков, Беркај Билалов и Едис Билалов остварија по една победа и еден пораз, што се покажа како недоволно да се пласираат меѓу најдобрите тројца во своите  категории.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе