Радио Кочани
Кочани

На Балканијадата во Сараево – Сребро и бронза за Филип Стојанов

167

Филип Стојанов, каратист на „Партизан“ од Кочани, го освои второто место и сребрениот медал во кумите (борби) за натпреварувачи до 21 година на Балканското првенство во карате што се одржа викендов во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во екипна конкуренција, кумите – јуниори,  пак, како дел од состав на репрезентацијата на Македонија, Стојанов дојде до третото место и брознзениот медал.

Во пединечниот настап, во неговата конкуренција имаше 48 каратисти. Стојанов оствари четири победи: против претставниците на Турција, Црна Гора, Романија и БИХ, но во финалето доживеа минимален пораз од 2: 1 и остана без „злато“.

Како дел од јуниорскиот репрезентативен состав во кумите, Филип Стојанов, двапати победи, во триумфот на Македонците над БИХ од 3:1 и во поразот од Црна Гора од 2 : 3 .

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio