Радио Кочани
Кочани

Утре – Протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“

1,404

Утре со почеток во 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи третиот протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 беа повредени.

Маршот ќе започне од  Паркот на Револуцијата, потоа ќе се движат кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.

На маршот може да се приклучат сите граѓани  кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено  организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го  почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат  маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio