Радио Кочани
Кочани

Се обновуваат содржините во СРЦ „Бавчалук“

147

Според Меморандумот за соработка што Општина Кочани го потпиша со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во тек е реализација на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук.

Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар: асфалтирање на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогите, замена на таблите и на обрачите на кошевите и стативите на фудбалското игралиште.

Терените ќе бидат збогатени и со нови содржини, а ќе претстои санација на постојните летниковци, поставување нови клупи и канти за отпадоци.

Со проектот е планирано пошумување со зимзелени и листопадни дрвца.

Вкупната вредност на проектот изнесува 3.781.720 денари од кои 1.050.000 денари се од Фондацијата за развој за развој на локалната заедница Штип, а останатите средства се од Буџетот на Општина Кочани.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе