Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод 15 октомври, Светскиот ден на белиот стап, Здружението на спепи и слабовидни лица – Кочани, традиционално го одбележа настанот.
По тој повод, членовите организираа средба на која се дискутираше за важноста, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното живеење.
Славењето на 15 октомври како меѓународен ден на белиот стап службено запачнало во 1964 година, на иницијатива на многубројни здруженија за Рехабилитација во Америка.
Имено, белиот стап како симбол на слепите лица е воведен во 1981 година за да им го олесни движењето помеѓу автомобилите.